Top Sport

Тен Хаг остави „хаос“ во Ајакс – бунт против неговиот наследник Шредер

Ерик Тен Хаг си ја изгради својата репутација како тренер на Ајакс, заминувајќи минатото лето за да стане менаџер на еден од најславните англиски клубови, Манчестер јунајтед, оставајќи вистински хаос во холандскиот клуб, каде што според локалните медиуми, играчите се свртеле против негвиот наследник Алфред Шредер по падот на петтото место на табелата без победа во последните шест меча.

АЈакс во текот на викендот одигра само 1:1 во холандскиот „класик“ против Феенорд, по што се на петтото место на табелата со пет поени помалку од своите големи ривали од Ротердам, кои се лидери. Според „Де телеграф“, повеќето од играчите му свртеле грб на Шредер на состанокт со Јост Ленерс, тренерот за ментални работи (да, во Ајакс имат таков тренер).

Тен Хаг ги предводеше Ајакс до полуфиналето од Лигата на шампиони и освои две титули во низа во Ередивизие, но откако замина, со себе во Јунајтед ги повлече најдобрите играчи на составот, Лисандро Мартинез и Антони, оставајќи голема празнина во тимот, иако со далеку зголемен буџет. Покрај тоа, Ајакс минатиот февруари остана и без Марк Овермарс, фудбалскиот директор по 10 години, откако тој праќал непристојни пораки кон своите колешки.

Scroll to Top