Ерик Тен Хаг не сакаше да се „залетува“ по убедливата победа на Манчестер јунајтед од 4:0 над старите ривали Ливерпул во неговиот прв меч на чело на „ѓаволите“. Јунајтед стигнаа до 3:0 водство по половина час игра во Бангкок со головите на Санчо, Фред и Марсијал, пред Пелистри да го комплетира мечот со четврти гол.
Но, Ливерпул ги смени сите 10 стартери по половина час игра и потоа повторно по 60 минути, додека Тен Хаг направи 10 замени на полувреме, така што Холанѓанецот не сакаше да придава многу значење на победата против тимот кој минатата сезона ги победи со комбинирани 9:0 во Премиерлигата.
„Задоволен сум бидејќи ова беше тим со голем дух иако само почнуваме. Направивме грешки во пресингот, дозволивме неколку шанси, но затоа и креиравме доста. Мораме да работиме да ги намалиме грешките, но среќен сум бидејќи знам дека имаме добри играчи. Градиме тим и ова е почеток, ќе биде потребно многу време, бидејќи имаше многу грешки. Ливерпул играа со три тима, не беа најсилни, така што не треба да се дава преголемо значење на резултатот“, вели Тен Хаг.
Кој би се обложил на ваков резултат? Јунајтед го „растури“ Ливерпул на првиот пријателски меч