Top Sport

Тен Хаг: Се боревме за потписот на Маунт, тој ќе донесе динамика во нашата игра

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг вели дека клубот морал да се бори за потписот на Мејсон Маунт од Челси ова лето, и очекува англискиот репрезентативец да донесе динамична игра во средината на теренот.

Маунт дебитираше денеска за „ѓаволите“ при 2:0 победата над Лидс на пријателски меч во Осло, и Тен Хаг вели дека постоел интерес од други клубови пред Јунајтед да го комплетира трансферот до 60 милиони фунти.

„Работевме напорно да го добиеме. Повеќе клубови го бараа Мејсон, така што не беше лесно да го добиеме. Задоволен сум од трансферот бидејќи тој носи засилување во нашиот среден ред, а се работи и за тимски играч. Сигурен сум дека ќе помогне за успехот на Јунајтед. Неговата визија е да игра со фокус кон нападот, но исто така може да биде мултифункционален фудбалер и ќе донесе динамика во нашата игра, што беше нешто што ни недостасуваше минатата сезона, како што ни покажа нашата анализа“, вели Тен Хаг.

Scroll to Top