Менаџерот на Ливерпул, Ерик Тен Хаг вели дека е задоволен да го има Хери Мегваер во тимот, но додаде дека капитенот на клубот мора да направи одлука за својата иднина откако го загуби местото во првиот тим.
Најскапиот дефанзивец во историјата, Мегваер, има само осум старта во Премиерелигата оваа сезона, губејќи го стартното место од Лисандро Мартинез, Рафаел Варан и Виктор Линделоф, а Тен Хаг дури и го поставуваше левиот бек Лук Шо во централната одбрана оваа сезона.
„Да кажеме дека сум среќен што е тука и што кога е потребен ја врши својата работа. Но, тоа е одлука која тој треба да ја направи. Никој не би бил задоволен кога не е стартер, и секако, и тој не е задоволен“, вели Тен Хаг во интервју за „Тајмс“.
Тој исто така додаде дека голманот Давид де Хеа ќе остане во тимот, но дека Шпанецот нема да има гарантирано место како прв голман.
„Не можам даа кажам дека секогаш ќе биде број 1, бидејќи во клуб како Манчестер јунајтед мора да има конкуренција на сите позиции“, додава Холанѓанецот.