Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг вели дека одлуката на семејството Глејзери да го продадат клубот е „добра работа“ и дека добил уверување дека промената на сопственичката структура нема да влијае на „целите и културата“ на клубот.
Американските газди, кои го купија 20-кратниот англиски шампион пред 17 години, минатиот месец објавија дека бараат опции за инвестиции во клубот или за целосно продавање. Тие не се многу омилени кај навивачите на „ѓаволите“, кои ги обвинуваат за занемарување на клубот.
„Мојата информација е дека тоа ќе биде само добра работа, бидејќи ќе има инвестиции во клубот. Зборувавме за културата која ја посакуваме во клубот, за целите и претседателот Ричард Арнолд потврди дека тука нема да има промени, туку ќе биде подобро, бидејќи ќе има повеќе средства за проектот. На клубот му требаат инвестиции – Њукасл пристигнуваат, дури и Вест хем и можете да изберете седум-осум клуба кои можат да се натпреваруваат во лигата. Се работи за стратегија, а не сам за пари. Но, кога ги немате вистинските квалитетни играчи, не можете да ги остварите целите“, вели Тен Хаг.