Ерик Тен Хаг го оцени 3:1 поразот од Астон вила како „неприфатлив“ откако Манчестер јунајтед го забележаа четвртиот пораз во новата сезона од Премиерлигата и пропуштија шанси да се доближат до топ 4 место.
Вила ја прекина серијата од 23 лигашки мечеви без победа на домашен терен против Јунајтед, серија која траеше од август 1995 година со головите на Леон Бејли, Лукас Дињ и Џејкоб Ремзи. „Ѓаволите“ примија два гола во првите 11 минути игра и не успеаја да се вратат по ова.
„Понекогаш кога ќе загубиш почнуваш дад играш како веќе да си поразен. Слободниот удар на Дињ можеше да се сопре, но нашиот ѕид беше поставен премногу далеку. Да, тоа е мал детаљ, но губиш поради деталите. Денеска не бевме подготвени од стартот, по што џабе трчавме. Луѓе сме, не сме роботи и понекогаш проблемот е психолошки. Но, вакви порази не се прифатливи. Мора да бидеме поготвени за секој меч и да не дозволуваме да губиме така лесно“, вели Тен Хаг.