Ерик Тен Хаг признава дека има причини за охрабрување по 3:1 победата на Манчестер јунајтед над Арсенал, додавајќи дека Антони и Маркус Рашфорд го импресионирале во нападот, но дека најголемо задоволство носи подобрениот менталитет на неговиот тим.
Антони во своето деби го постигна првиот гол по 35 минути, по што Рашфорд постигна два гола по одлична игра на Бруно Фернандеш за четврта победа во низа за „ѓаволите“.
„Двајцата играа одлично, постојано беа опасни. Знам дека нашиот напад е многу силен, а тие двајца имаат брзина и се креативни, иако ова беше првпат да играат еден со друг. Духот на овој тим, кој може да се справи со проблемите кои ги имавме е навистина голем и покажува дека сме многу подобрени во однос на менталитетот“, вели Тен Хаг.
За Јунајтед следува европски фудбал, откако ги пречекувааат Реал Сосиедад во Лига Европа, по што следниот викенд играат на гости кај Кристал палас.