Тео Ернандез докажа дека го исполнил ветувањето и дека ја обоил косата во црно-црвено откако Милан се квалификуваше за Лигата на шампиони.
Ернандез помогна со 7 гола и 6 асистенции во 33 меча во Серија А за „росонерите“ да завршат на второто место и да влезат во ЛШ по пауза од седум години.
„Ветувањата мораат да бидат исполнети“, вели Ернандез на Инстаграм.
Ернандез пристигна од Реал Мадрид за 21.5 милиони евра во 2019 година и оттогаш стана клучен дел од тимот на Стефано Пиоли.