Top Sport

Тепачка на хулигани во Белград, еден повреден со нож (Видео)

Жестока тепачка на навивачи на фудбалските клубови Црвена звезда и Партизан се случила синоќа во центарот на Белград. Во паркот Караѓорѓе се судриле околу 30 хулигани, а еден 23-годишник бил повреден со нож.

Белградските медиуми пренесуваат дека до пресметката дошло непосредно по завршувањето на натпреварот Црвена звезда и Напредак (1:1), кога хулиганите на Партизан во паркот од заседа ги нападнале оние навивачите на Црвена звезда.

Полицијата, која експресно пристигнала на местото каде се судриле хулиганите уапсила петмина навивачи на Црвена звезда и еден на Партизан, кој според полициски извори со нож го повредил навивачот на Звезда.

извор: telegraf.rs

Scroll to Top