Top Sport

Тепачка на тренинг на Шалке, Ибишевиќ во главна улога

Тепачка на тренинг на Шелке. Босанскиот интернационалец Ведад Ибишевиќ се „закачил“ со помошникот тренер, Бразилецот Налдо.

Жестоката вербална пресметка набрзо прераснала во физичка јавуваат германските медиуми, а останатите членови на екипата одвај спречиле поголем инцидент. По ова тренингот бил откажан.

Од Шалке се уште ниту ги потврдија ниту ги демантираа информациите за тепачката.

Атмосферата во клубот е на незавидно ниво, Шалке не знае за победа многу долг период. Се очекува наскоро информација дали ќе има казна за инволвираните во инцидентот.

Scroll to Top