Top Sport

Тер Штеген асистира како Меси, Барса го победи Хетафе (Видео)

Дури на четвртото гостување фудбалерите на Барселона ја забележаа првата победа сезонава во Ла Лига. Бараса во Мадрид го победија Хетафе со 2-0.

Без Меси, Фати и Дембеле кој се повреди на загревањето Барселона успа да ги освои бодовите на „Алфонсо Перез“ стадионот.

Со исклучок на победата ништо нема да се памети од овој натпревар, во кој двете екипи направија 38 прекршоци, а судијата Манзано подели осум жолти картони.

Барселона во интервал од осум минути го реши прашањето околу победникот. Во 41 минута Тер Штеген во стилот на Меси, со долга топка, го проигра Сулараз кој лесно го префрли Сорија.

На почетокот на вториот дел Фирпо го постигна вториот гол. Претходно Перез шутираше Сорија одбрани, а Фирпо внимателно ја следеше целата акција и одбиената топка ја смести во голот.

Scroll to Top