Top Sport

Тери: Челси не жали за Де Бројне, Лукаку и Салах

Поранешниот капитен на Челси, Џон Тери вели дека „сините“ не жалат за тоа што ги продадоа Кевин де Бројне, Ромелу Лукаку и Мохамед Салах.

Во минатото, овие тројца фудбалери кои во моментов „хараат“ во Премиер лигата беа дел од составот на тимот од југозападен Лондон, но таму не го остварија потенцијалот и беа продадени на Евертон (Лукаку), Волфсбург (Де Бројне) и Рома (Салах). Де Бројне денеска го сметаат за најдобриот играч од средниот ред во Премиер лигата, Салах е најдобар стрелц во Англија, а Лукаку е лидер на нападот на Манчестер јунајтед.

„Тогаш тие не го правеа тимот посилен. Да не заборавиме дека го имавме еден од најдобрите состави во историјата на Премиер лигата, а тие беа млади. Тогаш не направија впечаток во тимот и не го задржија местото. Дури и сега во Челси – дојде Андреас Кристенсен направи многу, и сега играч како Давид Луиз се бори за своето место. Кога си млад играч, не можеш да го ‘запалиш’ светот во последниот меч по групи во ЛШ ако си квалификуван. Понекогаш треба да заминеш во друг клуб и да станеш подобар“, објаснува Тери.

Scroll to Top