Top Sport

Тери: Драго ми е за Салах и Де Брујне што заминаа од Челси

Поранешниот капитен на Челси, Џон Тери, во разговор за британските медиуми открил зошто во минатото од клубот морале да си заминат Мохамед Салах и Кевин Де Брујне. Овие двајца играчи во последните три сезони се меѓу најдобрите во светот на своите позиции.

„Не можеа тогаш да ги исполнат стандардите што ги имаше поставено Мурињо. Беа неверојатно талентирани, но и премногу млади. Мурињо немаше време толку малди играчи да интегрира во тимот. Доколку сакаше да го направи тоа ќе мораше од тимот да ги исфрли Демијан Даф или Аријан Робен, а тогаш со нив дваца победувавме секоја недела. Тоа и беше неговата работа, да победува. Доколку му се приклучите на тимот и играте 10 или 20 отсто под стандардите на Даф и Робен тогаш нема да бидете во тимот. Нема никакви шанси“, рекол Тери.

„Драго ми е поради Мо и Кевин што заминаа од Челси во други екипи каде што покажаа дека се сјајни фудбалери. Но токму во тоа време не беа доволно добри за Челси“, заклучил Тери.

Scroll to Top