Top Sport

Тери си оди од Вила, време е за самостоен ангажман!

Премиерлигашот Астон Вила загуби со 2-0 од Ливерпул во 33 коло во ПЛ и сега е на 18-тата позиција. Наредниот меч на Вила е против Манчестер Јунајтед, па судејќи според моменталната форма, тимот на Дин Смит не може да се надева на бодови против екипата предводена од Оле Гунар Солскјер.

„Десната рака“ на Смит, Џон Тери размислува на подолги патеки. Екс-капитенот на Челси соработува со Смит уште од октомври 2018 година, но веќе не сака да биде во улога на асистент.

Првата понуда за Тери би можела да дојде од Чемпионип. Се работи за Бристол Сити, екипата која во саботата го отпушти тренерот Ли Џонсон по серија од 4 порази.

Ако Астон Вила се врати во Чемпионшип, тогаш евентуален дуел со Бристол би можел да е многу интересен.

Scroll to Top