Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ вели дека никој во клубот не е загрижен од вестите дека Џуд Белингем се договорил за трансфер во Реа Мадрид ова лето, посочувајќи дека во клубот се навикнати на заминувањето на најголемите ѕвезди, посочувајќи ги случаите на Ерлинг Халанд и Џејдон Санчо.
„Сега доаѓаат вести од Шпанија, претходно беа од Англија, дури и од Франција едно време. Лани бше Ерлинг, претходната година бше Џејдон. Имаме доста искуство со тие работи во последните неколку години. Најважно е што Џуд доаѓа на тренинг секој ден и го дава максимумот за да станеме германски шампиони на крајот на сезоната. Тоа е единствената тема која ја имаме во моментов. За други работи нема место во соблекувалната или во мојата канцеларија“, вели Терзиќ.
19-годишниот Белингем има уште две години од договорот со „милионерите“, но се верува дека по големите понуди од Ливерпул и Манчестер сити, дека тој веќе има договор со Реал Мадрид, кои ќе ги платат посакуваните 120 милиони евра од германскиот клуб.