Фудбалерот на Интер Алексис Санчез серизно се повредил настапувајќи за својата репрезентација. На дуелот Чиле-Колумбја, Санчез го повредил скочниот зглоб.
Повредата ја потврдиле од чилеанскиот тим, а според првите прогнози тој нема да се врати на фудбалските терени до крајот на годината.
Кога ќе се врати во Милано ќе му бидат извршени дополнителни прегледи, а според се уште непотврдени информации ќе треба да му биде извршена и операција.
Чилеаневот летово од Манчестер Јунајтед се пресели на позајмица во Интер. Од почетокот на сезоната одиграл четири натпревари и постигнал еден гол.