Top Sport

Тешка повреда на Аријас

Колумбија со победа над Венецуела (3:0) ги започна квалификациите за пласман на Светското првенство. Овој натпревар го обележа тешката повреда на десниот бек на колумбија, Сантијаго Аријас.

Аријас во дуелот со Мачис, во 14 минута, се здоби со фрактура на ногата. Десниот бек веднаш бил хоспитализиран.

Сантијаго Аријас на почетокот на сезоната од Атлетико Мадрид замина на позајмица во Баер Леверкузен. За „фармацевтите“ тој одигра само еден натпревар.

Прогнозите се дека Аријас ќе отсуствува најмалку шест месеци.

 

Scroll to Top