Top Sport

Тешка повреда на Фофана – Фер Нињо во пријателски меч му ја скрши ногата

Весли Фофана, младиот дефанзивец на Лестер, доживеа тешка повреда синоќа. Лестер одигра контролен меч со Вољареал, Фофана во второто полувреме доживеа фрактура на ногата. Поради повредата тој ќе пропушти голем дел од новата сезона.

Фофана се повреди по еден груб прекршок на Фер Нињо, во второто полувреме, кога Лестер имаше предност од 3:0.

Младиот француски фудбалер на носилки беше изнесен од теренот.

Сезоната во Премиер лигата ќе започне за десет дена.

Scroll to Top