Младиот фудбалер на Барселона, Муса Ваге, кој оваа сезона е позајмен во ПАОК, пред три дена во градскиот дуел со Арис, доживеа тешка поведа на коленото. Стручњаците не ја исклучуваат можноста дека оваа повреда може да значи и крај на кариерата за 22 годишниот фудбалер.
Ваге, во еден момент, во обид да ја спречи топката да влезе во голот, удрил во дирекот. ПАОК благодарение на неговата интервенција не примија гол, но фудбалерот тешко ги оштетил лигаментите во коленото. Прогнозите се дека ќе паузира најмалку една година.
Играчот од Сенегал веќе се вратил во Барселона каде треба да биде опериран.