Top Sport

Тешки обвинувања за Нејмар, му бараат 1 милион долари отштета!

Бразилскиот напаѓач Нејмар поминува низ тежок животен период.

Најпрво го загуби полуфиналето во ЛШ со ПСЖ, а потоа доб црвен картон и нема да игра во Купот на Франција со својот клуб.

Во Лига 1 ПСЖ е втор на табелата на две кола до крајот и ништо не зависи од нив самите.

Сега напаѓачот на „Светците“ се соочува со тешки обвиненија поради кои му се заканува и затворска казна.

Бразилскиот борец за човекови права Агрипино Магаљаеш поднел тужба против Нејмар поради хомофобични изјави и закани по живот, па од правосудните органи бара отштета од 1 милион долари за нанесена душевна болка.

Магаљаеш тврди дека живее во постојан страв дека ќе биде убиен и наведува дека неговиот стан неколкупати е ограбуван по налог на Нејмар.

Кога ја поднел тужбата, Магаљаеш му порачал на судијата дека се започнало откако Нејмар бил снимен како со пријателите го навредува Тијаго Рамос – поранешното момче на неговата мајка. За истиот тој Рамос подоцна било утврдено дека освен жени, се забавува и со мажи.

Уште минатата година Магаљаеш порачал дека ќе го тужи Нејмар, а споменатиот Тијаго Рамос е нападнат на крајот на 2020-та во Мексико.

Scroll to Top