Top Sport

Тевез го продолжи договорот со Бока јуниорс

Аргентинскиот ветеран Карлос Тевез го продолжи својот договор со својот сакан тим Бока јуниорс, откако минатата сезона им помогна да ја освојат 34. национална титула.

36-годишниот Тевез одби да преговара за нов договор со Бока за време на пандемијата за корона вирусот, откако својата плата ја предаде во добротворни цели. Тој се врати во Бока по настапите во кинескиот клуб Шангај шенхуа во 2017.

„Секако, ќе останам во Бока. Сакам уште една шанса да играм на Либертадорес“, вели Тевез.

Тевез ќе остане во Бока и ќе ја донира својата плата!

Scroll to Top