Фудбалерот на Бока јуниорс, Карлос Тевез, на бизарен начин се здобил со повреда на листот на ногата. Имено, Тевез бил во посетна на својот полубрат во затворот во Кордоба, решил да одигра меч со останатите затвреници и се повредил.
Аргентинските медиуми објавија дека Тевез, во затворот во Кордоба, го посетил полубратот Хуан Алберто Мартинез, кој е осуден на 16 години затвор поради вооружен грабеж.
Поранешниот играч на Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Јувентус, таму решил да одигра меч со затворениците и се повредил по само 20 минути.
Клубот на Тевез, Бока јуниорс, објави дека фудбалерот лажел за начинот на кој се повредил и во наредниот период ќе му определи казна.