Top Sport

Тевез: Какво ср.ње! Не се повредив во затвор!

Карлос Тевез ги отфрли шпекулациите во аргентинските медиуми дека се повредил за време на фудбалски меч во затвор, каде што бил во посета на еден член на семејството.

Тевез, кој се вбрати во Бока јуниорс минатата година по финансиски успешната авантура во Кина, инсистира дека се повредил на вежбање, а не при посетата на неговиот полу-брат, Хуан Алберто Мартинез во затворот во Кордоба.

„Додека работев во вежбална во средата наутро почувствував голема болка, и во петокот паузирав. Не знам зошто некои луѓе не ми веруваат.  Но, сега зборуваат за повреда на голф или во затвор. Понекогаш не знам зошто зборуваат такви ср.ња за мене. Јас секогаш ја кажувам вистината. Каков глупак би бил да се повредам во затвор? Но, нека зборуваат, така сум само посилен и ќе го покажам своето на терен“, вели Тевез.

Фото: ЕПА

Тевез играл фудбал во затвор и се повредил

Scroll to Top