Top Sport

Тевез: На полувреме плачам во соблекувалната по болниот татко

Аргентинскиот ветеран Карлос Тевез вели дека плаче на полувреме на секој меч поради здравјето на неговиот татко, кој од неодамна е во болница откако доби КОВИД-19.

36-годишниот поранешен напаѓач на Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Јувентус, се врати во Аргентина во 2018 и сега е капитен на својот клуб од детството Бока јуниорс. Неговиот татко, Раимундо Тевез имаше здравствени проблеми и помина 45 дена на интензивна нега по позитивниот тест на КОВИД-19.

Тој излезе од болницата во Буенос Аирес во септември, но неколку недели подоцна повторно беше примен во влошена здравствена ситуација. Раимундо, кој е всушност брат на биолошкиот татко на Тевез, кој загина пред тој да се роди, е дијабетичар.

„Многу ми е тешко. Понекогаш сум добар, а понекогаш одам на полувреме и плачам. Не можам да го објаснам тоа. Ова се тешки времиња за сите. Одам да го посетам татко ми и потоа морам да бидам силен и да играм фудбал“, вели Тевез.

Иако на навивачите на Бока не им е дозволено да влезат на „Ла бомбонера“, тие успеаја да постават банер во знак на поддршка на семејството на Тевез при 0:1 поразот од Талјерес Кордоба.

„Тоа ми ја наполни душата. Да влезеш на теренот и да го видиш тој банер. Силен сум благодарение на луѓето во Бока и на моето семејство“, вели Тевез.

Scroll to Top