Поранешната ѕвезда на Јувентус и Манчестер сити, Карлос Тевез вели дека нема мотивација да се врати на професионалниот фудбал и дека воопшто не му недостасува кариерата. 37-годишниот Аргентинец се раздели со Бока јуниорс во јуни, но одби да потврди дека се повлекува од фудбалот.
Засега, тој вели дека ужива во животот надвор од фудбалот.
„Не чувствувам желба да бидам таму кога топката се тркала. Во саботата бев на свадба додека Бока играа и си помислив дека ако не се повлечев, ќе играв и немаше да бидам на свадба. Уште, да беше истиот резултат (пораз од 1:0 од Гимназија), би бил лут бидејќи ја пропуштив забавата, а ако не играв тогаш сите ќе велеа дека додека Бока губеше, Тевез се забавуваше. Фудбалот е таков. Сите ме прашуваат дали сакам да се вратам, но засега уживам во моментов. Кога ги гледам Јувентус, Бока или клубовите за кои играв, во мене го нема оганот кој беше тука пред шест месеци“, вели Тевез.