Top Sport

Тевез си оди од Шангај

Челниците на Шангај Сенхуа го загубија трпението со Карлос Тевез и многу е веројатно дека тој наскоро ќе замине од Кина.

Аргентинецот во Кина има неделна плата од 650.000 фунти, што го прави игхрач со најголема годишна плата во светот на фудбалот, но тој никако не ги оправдува сретствата кои клубот ги вложува во него.

Тевез на 16 натпревари во 2017 година има псотигнато само четири гола.

Многу е веројатно дека Тевез наскоро ќе се врати во родната Аргентина, што потврдува и изјавата на заменик претседателот на Бока Јуниорс, Хорацио Паолини.

„Секојдневно сум во контакт со Тевез, а минатата недела заедно бевме на вечера. Мислам дека за неколку дена ќе биде многу блиску до враќањето дома“, рекол Пиолини.

Тевез во својата кариера играл за Бока, Коринтијанс, Вест Хем, Манчестер јунајтед, Манчестер Сити и Јувентус.

Со Манчестер јунајтед ја освои титулата во Лигата на шампионите.

За репрезентацијата на Аргентина има одиграно 76 натпревари на кои псотигнал 13 гола.

Scroll to Top