Top Sport

Тежок пораз на Атлетик кај Леванте (Видео)

Леванте ја продлабочи кризата на Атлетик Билбао, откако во последниот натпревар од 14.коло, во Ла Лига, забележа победа од 3:0.

Домашниот тим првиот гол го постигна преку Чема, во четвртата минута од судиското надополнување на времето во првото полувреме.

Конениот удар домашните фудбалери на противникот му го зададоа во средишницата од второто полувреме, кога најпрвин Кампања, а потоа Рохер постигнаа по еден гол.

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди, го одигра целиот меч за Леванте.

Леванте ја прекина низата од три натпревари без победа и се искачи на шестата позиција со 21 бод. Атлетик, од друга страна остана на само една победа во досегашниот дел од сезоната и со 11 бода се наоѓа во опасната зона, на 18.место. Атлетик во последните четири кола има три порази, со што сериозно е разнишата позицијата на тренерот Едуардо Беризо.

Во наредната рунда Левенте ќе му гостува на Еибар, а Атлетик ќе ја пречека Џирона.

Scroll to Top