Top Sport

Тежок удар за Реал пред мечот со Ливерпул

Неколку часа пред натпреварот со Ливерпул, тренерот на Реал, Зинедин Зидан, се соочи со огромен проблем. На последното тестирање, позитивен тест на коронавирусот добил Рафаел Варан.

„Реал ја известува јавноста дека утрово позитивен тест доби нашиот играч Рафаел Варан“, потврди клубот на социјалните мрежи.

Реал на Ливерпул ќе му се спротивстави без своите најдобри централни дефанзивци. Покрај Варан дуелот, поради повреда, ќе го пропушти и Серхио Рамос.

Проблемот на Зидан не е само за вој натпревар туку и за дуелот со Барселона. Реал ќе биде без Варан и Рамос и во сабота, кога се игра Ел класико.

Scroll to Top