Top Sport

Тибо Куртоа подобар од Шмајхел и Љорис

Новиот голман на Реал Мадрид, Белгиецот Тибо Куртоа е избран за најдобар голман на доделувањата на награди на ФИФА, победувајќи ги Каспер Шмајхел (Лестер, Данска) и Иго Љорис (Тотенхем, Франција).

По одличното лето со Белгија на Светското првенство во Русија, каде што го освоија третото место, Куртоа направи голем трансфер од Челси во Реал Мадрид за да се промовира во еден од најдобрите голмани на денешницата.

„Би сакал да им се заблагодарам на сите мои соиграчи без кои оваа награда немаше да биде можна“, изјави Куртоа.

Scroll to Top