Top Sport

Тибо Куртоа прави чуда, не само на голот, туку и крај базен (видео)

Голманот на Реал Мадрид брани одлично во продолжението од сезоната во Ла Лига. Повеќе од 500 минути неговата мрежа мируваше, пред да ја затресе фудбалер на Гранада.

Сепак, дека е мајстор со топката тој се пофали на друштвените мрежи, со сјаен потег изведен во дворот на неговата куќа, крај базенот.

Белгиецот, по одличното смирување на топката, направи неколку жонглирања, мала финта по што ја смести топката во кошот, покрај базенот.

Надзорните камери го овековечија моментот, а тој се држеше за глава.

Погледнете:

Scroll to Top