Top Sport

Тифозите на Интер го пречекаа Наинголан (видео)

Раџа Наинголан беше пречекан од пресреќните фанови на Интер кога заминуваше од седиштето на клубот од Милано пред трансферот од Рома.

Белгиецот, кој не беше повикан од селекторот Роберто Мартинез на Мундијалот, ќе направи трансфер од 24 милиони евра, со кој Николо Цаниоло и Давиде Сантон ќе заминат од „нераѕурите“ во Рим.

Популарниот „Нинџа“ пристигна вечерва за ставање на потпис на договорот и со шал на Интер на рамењата, и имаше време да застане да се фотографира со навивачите.

Scroll to Top