Top Sport

Тифозите на Севилја се свртеа против Монтелa

Група на фанови на Севилја се појавија на тренингот на својот тим, барајќи објаснување од тимот за слабата форма под новиот тренер Винченцо Монтела.

Четирите порази и едно реми во последните пет кола го запалија „црвеното светло“ кај навивачите, откако Монтела не успеа да донесе победа откако го презеде кормилото од Едуардо Берисо, кулминирајќи со 1:0 поразот од Алавес.

Околу 20-тина членови на „Бирис норте“, познатата ултрас-група на Севилја влегле во жестока дискусија со капитенот Николас Пареха, пред полицијата да пристигне и да воведе ред.

Лош старт на Монтела – два меча, два порази за Севилја (видео)

Scroll to Top