Тигрес ги совладаа градските ривали Монтереј со 2:1 за да ја освојат шестата титула во Мексиканската лига, откако домашниот тим утна пенал неколку минути пред крајот на интересниот дуел.
Триумфот во Апертура шампионатот доаѓа по 1:1 ремито во четвртокот, и Тигрес сега имаат три титули во последните две години, и шест под тренерот Рикардо „Тука“ Ферети.
Монтереј поведоа по само две минути со голот на Дорлан Пабон, по што Тигрес прво израмнија по еден час игра преку Едуардо Варгас, а пет минути подоцна Франциско Меза со гол со глава го одлучи победникот.
Авилес Уртадо утна пенал во 81. минута, по што нервозниот домашен тим остана без Нери Кардозо кој доби црвен картон во 90-тата минута.
Ова е огромно разочарување за Монтереј, тимот со најдобриот напад и најсилната одбрана во сезоната, откако во претходите две рунди им дадоа шест гола на Атлас и пет на Морелија.