Top Sport

Тијаго Силва: Којзнае, можеби ќе се вратам во Милан

Ветеранот на Челси, Тијаго Силва вели дека е возможно во иднина да се врати во својот стар клуб Милан пред да се повлече од фудбалот. Бразилецот играше на „Сан Сиро“ три сезони, освоувајќи една титула од Серија А, пред во 2012 година да замине за Пари Сен-Жермен. Сега, утре тој првпат ќе се врати против стариот тим во меч од Лигата на шампиони и признава дека ќе биде емотивно.

„Среќен сум што сум тука 11 или 12 години од последниот пат. Сите добри искуства кои ги имав во Милано сега ми се вратија и утре ќе бидам возбуден и емотивен. Веќе напишав дел од мојата историја со Милан… Но, којзнае, ќе видиме што ќе се случи во иднина. Можеби како тренер?“, вели Силва.

Scroll to Top