Капитенот на фудбалерите на ПСЖ Тијаго Силва по осум години ова лето ќе го напушти клубот. Спортскиот директор на ПСЖ Леонардо рекол дека клубот нема да го продолжи договорот со Бразилецот кој претходно одбил намалување на платата.
Тијаго Силва во сезоната која французите ја прекинаа одигра 30 натпревари, во статистиката запишал гол и асистенција.
Бразилецот во 2012 година од Милан пристигна во Париз, претходно играл за Футеболу, Хувентуд, вториот тим на Порто, Динамо Москва и Флуминенсе.
35 годишникот со ПСЖ освоил 21 трофеј, седум од нив се во првенството на Франција.
Прашање е каде поранешниот бразилски репрезентативец ќе ја продолжи кариерата. Медиумите шпекулираат дека тој има две опции, да се врати во Милан или да оди кај својот поранешен тренер Карло Анчелоти во Евертон.