Top Sport

Тилеманс одби нов договор од Лестер

Белгиецот Јури Тилеманс одби да потпише нов договор со Лестер, што значи дека најверојатно ќе биде продаден во текот на летниот преоден рок, со Арсенал, Ливерпул и Манчестер јунајтед заинтересирани за неговите услуги.

24-годишниот Тилеманс, кој пристигна од Монако за 40 милиони фунти пред две и пол години, има 23 гола и 22 асистенции во 135 настапи за „лисиците“, промовирајќи се во еден од најдобрите фудбалери од средниот ред во Премиерлигата. Неговиот договор со Лестер завршува за помалку од 18 месеци, со што тие ќе мора да го продадат во текот на летото доколку не сакаат да замине како слободен играч.

Според белгискиот „Хет ниувсблад“, Тилеманс е подготвен да замине само во т им кој има шампионски амбиции, а Лестер би го искеширале за 35 милиони фунти, откако минатото лето бараа 60 милиони фунти за него.

Scroll to Top