Познати се имињата на 23 од вкупно 32 репрезентации кои наредното лето ќе се натпреваруваат на Светското првенство во Русија.
Во финишот на квалификациите интригантна е листата со имињата на фудбалерите кои со своите селекции не изборија пласман на Мундијалот.
Некои нема да играта на Мундијалот бидејќи нивните селекции се недоволно квалитетни, други дека нивата репрезентација играла во силна група, а трети дека се дел од селекција преполна со ѕвезди.
Овој тим од играчи кои нема да играат на Мундијалот би бил еден од фаворитите за титулата.
Голман: Облак (Словенија/Атлетико Мадрид)
Одбрана: Алаба (Австрија/Баерн Минхен), Блинд (Холандија/Манчестер Ј.), Ван Дајк (Холандија/Саутемптон), Валенсија (Еквадор/Манчестер Ј.)
Ред за врска: Видал (Чиле/Баерн Минхен), Кејта (Гана/Лајпциг), Робен (Холандија/Баерн Минхен), Бејл (Велс/Реал Мадрид)
Напад: Алексис Санчез (Чиле/Арсенал), Обамејанг (Габон/Борусија Дортмунд).
Овој „тим“ веројатно ќе биде и посилен кога ќе заврши баражот во европската зона преку кој место на Мундијалот ќе се обидат да изборат Швајцарија, Италија, Хрватска, Данска, Република Ирска, Северна Ирска, Грција, Шведска.