Top Sport

Тимо Вернер: Дозволив критиките да влијаат на мене

Германскиот напаѓач на Челси, Тимо Вернер признава дека имал проблем со англиските медиуми во првата сезона на „Стемфорд бриџ“, дозволувајќи надворешно влијание на неговата форма.

Челси платија одлични 47.5 милиони фунти за Вернер минатото лето по неговата блескава форма за РБ Лајпциг, но 2020/21 беше одбележана со повеќе промашувања  и офсајди отколку со голови, иако тој помогна клубот да стигне до титулата од Лигата на шампионите. Тој вели дека ја научил лекцијата и дека во новата сезона ќе биде поинаку.

„Најважно во фудбалот е да го заддржиш менталитетот, да тие ‘чиста’ главата од надворешно влијание. Медиумите имаат огромно влијание. Кога ќе играш добро, тогаш си херој, но кога ќе оди наопаку приказната е многу поинаква. Мораш да се извадиш од тоа и да се концентрираш на фудбалот, но не е лесно, бидејќи телефонот ти е во рака и секогаш има нешто да видиш. Најважно е да имаш и поддршка во тимот“, објаснува 25-годишниот Вернер, кој минатата сезона ја заврши со 15 асистенци и 12 гола за Челси.

Scroll to Top