Тимо Вернер ќе размисли за својата иднина во Челси ова лето доколку не успее да се избори за место во првиот тим на Томас Тухел, јавуваат британските медиуми.
Германецот има само два старта во Премиерлигата оваа сезона и остана на клупата при гостувањето кај Јувентус вчера и покрај тоа што Челси речиси цело второ полувреме бркаа гол по 1:0 водството на Јуве.
Иако Тухел зборуваше дека пристигнувањето на Ромелу Лукаку на „Стемфорд бриџ“ ќе го направи 25-годишниот Вернер подобар играч, тој останува на периферија во тимот, и не е подготвен да ја прифати таа улога по големиот трансфер од РБ Лајпциг минатото лето.
За разлика од Англија, во Германија репутацијата на Вернер како супер-напаѓач не е сменета и тој би можел да се врати во повеќе бундеслигашки клубови.