Top Sport

Тимот на Дејвид Бекам казнет за прекршување на „правилото Бекам“

Интер Мајами, американскиот МЛС тим во сопственост на Дејвид Бекам, е казнет со 2 милиони долари за прекршување на таканареченото „правило Бекам“ при добивањето на Блез Матуиди.

Французинот дојде во Мајами минатата година како слободен агент откако си замина од Јувентус, но беше поставен како „посочен фудбалер“ во тимот, што значи дека заработувал повеќе од дозволеното. Во МЛС лигата, клубовите смеат да постават тројца „посочени“ фудбалери кои не се сметаат во селери-капот во лигата.

Ова правило беше воведено по скапиот трансфер на Бекам во Лос Анџелес галакси во 2007 година, кога пристигна од Реал Мадрид.

Интер Мајами, сега под водство на поранешниот соиграч на Бекам, Фил Невил се на седмото место на Источната конференција во МЛС.

Scroll to Top