Далиан Јифанг нема по добро да го памети враќањето во кинеската Суперлига. Екипата која потроши 55 милиони евра на тројца играчи: Јаник Караско, Нико Гаитан и Жосе Фонт, во првото коло е поразена од Шангај со 8:0.
Поранешниот играч на Челси, Оскар, ги постигна првите два гола во првата и 24.минута, а до крајот на полувремето на 3:0 зголеми Хулк.
Распад на системот кај Далијан се случи во 60.минута кога Ву го постигна четвртиот гол. Истито играч пет минути подоцна гол постигна уште еден гол. Асистент за овие два гола беше Оскар.
Потоа Оскар го комплетира хет-трикот, Лу зголеми на 7:0, а конечниот резултат со својот трет гол го постави Ву.
Караско и Гаитан го одиграа целиот натпревар, додека Фонт беше заменет во 81.минута.