Манчестер јунајтед решија да влезат во „трката“ за Алексис Санчез од Арсенал, и Жозе Мурињо се обидува дека ќе им го „расипе“ пазарот на Манчестер сити, јавува „Гардијан“.
Според британскиот весник, Санчез веќе ги договорил личните услови со плата од 250.000 фунти, откако Сити поднесоа понуда од 20 милиони фунти за Чилеанецот, меѓутоа сега Јунајтед нудат 25 милиони фунти. Со понудата на Јунајтед, Санчез исто така би заработувал повеќе.
Покрај тоа, Јунајтед им даваат шанса на Арсенал да потпишат со Ерменецот Хенрик Мхитарјан, иако тука пречка може да биде платата на фудбалерот од 200.000 фунти неделно.
Арсен Венгер подолго време се обидува да го добие Малком од Бордо како директна замена за Санчез, и овој трансфер може да зависи од одлуката на 20-годишниот Бразилец, иако Бордо планираат да бараат 50 милиони евра за него.