Top Sport

Тинејџер на Лион им пресуди на Монако, двата клуба тешко до титулата

Лион во апсолутно неверојатен меч стигна до драматична 2:3 победа на гости кај Монако, така намалувајќи им ги шансите на „кнезовите“ да останат во борба за француската титула на само три кола до крајот.

Кевин Фоланд го донесе тимот на Нико Ковач во водство по 25 минути игра, но Мемфис Депај успеа да израмни во 57. минута, по што гостите останаа со играч помалку по вториот жолт картон на Максен Какаре.

Сепак, тоа не им пречеше да дојдат во водство преку Бразилецот Марсело во 77. минута, пред Монако да добие пенал во 86. минута кој сигурно го реализираше Висам Бен Једер. Тинејџерот Максим Рајан Шерки една минута по влегувањето во игра во 88. минута ја донесе победата на Лион!

Двата клуба остануваат со теоретски шанси за титулата, но реално многу тешко ќе стигнат до неа. Лил останува прв со 76 поени, ПСЖ има 75, а Монако останува на 71, додека Лион се четврти со 70 поени.

Scroll to Top