Top Sport

Тинејџер со вештачка рака дебитирал во професионалниот фудбал (Видео)

Инспиративна животна приказна поврзана со фудбалот доаѓа од Романија. Козмин Ламбру, фудбалер кој има вештачка рака го исполни својот сон и дебитираше за првиот тим на Петролул.

Кога имал осум години Ламбру доживеал тешка сообраќајна несреќа. Него го удрил камион, поради што морала да му биде ампутирана левата рака и му била вградена протеза, која е видливо потенка од неговата десна рака.

Храбриот Козмин не дозволил хендикепот да му го уништи животниот сон. Десет години подцна тој дебитира за прволигашот Петролул од Плоешти на Куп натпреварот против Миовени.

Ламбру во игра влегол во 100 минута од натпреварот кој по продолженијата завршил со резултат 1:1.

Scroll to Top