Top Sport

Тинејџерот Кајо Жорже потпишува за Јувентус

Бразилскиот талент Кајо Жорже е пред трансфер во Јувентус и се очекува во слендите неколку дена да пристигне во Торино на медицински прегледи пред да го комплетира трансферот од бразилскиот Сантош.

Според „Ла газета дело спорт“, договорот за младиот напаѓач е веќе постигнат и се работи само за формалност пред потпишувањето на догтоворот. Јуве ќе плати 1.5 милиони евра однапред и 1.5 милиони евра на крајот на следната сезона, а Сантош ќе добие и процент од секоја следна потенцијална продажба.

Кајо Жорже е член на бразилската У-17 репрезентација,  а и покрај тоа што има само 19 години има 80 професионални мечеви со Сантош и 17 постигнати голови. Тој наводно ја одбил Бенфика за да го комплетира трансферот во „старата дама“.

Scroll to Top