Top Sport

Тинејџерот Нкетија ги спасуваше „топчиите“

Младинскиот англиски репрезентативец, 18-годишниот Еди Нкетија беше херој за тимот на Арсенал, откако со два гола, од кој едниот во продолжението помогна тимот на Арсен Венгер да го мине Норич во осминафиналето на англискиот Лига-куп.

Нкетија, кој е роден на 30 мај 1999 година, иронично, стана првиот фудбалер кој е роден по назначувањето на Арсен Венгер за менаџер на Арсенал, кој постигнал гол за клубот. Тинејџерот беше дел од младинската школа на Челси, пред  „сините“ да одлучат дека не е доволно физички подготвен да биде професионален фудбалер и Арсенал да го преземат.

Арсенал беше пред испаѓање, откако Џош Марфи во 34. минута ги донесе второлигашите Норич до водство од 0:1. Нкетија прво постигна гол во 85. минута да принуди продолжение, пред да го постигне одлучувачкиот гол во 5. минута од продолжението. На клупата за Арсенал, првпат оваа сезона беше македонскиот голман, Дејан Илиев.

Трикратните шампиони од купот, Лестер се вратија од гол негатива за 3:1 победа над Лидс, за кои на клупата остана македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски.

Мизеријата за Кристал Палас продолжи, откако премиерлигашот беше исфрлен на гостувањето кај второлигашот Бристол со убедливи 4:1, иако имаа предност од 1:0.

Носителите на трофејот, Манчестер јунајтед имаа рутинска победа од 0:2 на гости кај Свонси во Велс, благодарение на двата гола на Џеси Лингард, додека Бурнемаут со 3:1 го совлада Милдзборо.

АНГЛИСКИ ЛИГА КУП

Бурнемаут – Мидлзборо 3:1

Арсенал – Норич 1:1, 2:1 по продолженија

Бристол – Кристал Палас 4:1

Лестер – Лидс 3:1

Свонси – Манчестер Ј. 0:2

Манчестер С. – Вулверхемптон 0:0, 4:1 на пенали

Scroll to Top