Новото засилување на Арсенал, Киеран Тирни се „отвори“ за тешката адаптација на животот во Лондон по трансферот од Селтик ова лето.
Откако целата јуниорска и професионална кариера ја помина во Глазгов, левиот бек дојде во Арсенал за шкотски рекорд од 25 милиони фунти на последниот ден од преодниот рок. Без своите пријатели и своето семејство, 22-годишниот Тирни признава дека не е најдобро и додава дека воопшто не бил во центарот на Лондон.
„Доаѓањето во Лондон беше огромна промена за мене. Јас сум човек кој сака да седи дома, и секогаш сум бил со моите родители, а сега дојдов во овој огромен град. Првпат живеам сам и не е најдобро. Морам да се научам да готвам секоја вечер. Луѓето дома ме прашуваат: ’Како е во Лондон?’. Немам поим бидејќи никогаш не сум бил во градот. Тренирам, работам, се враќам дома, и утредента пак одам на тренинг. Тоа е едноставен живот“, вели Тирни.