Top Sport

Тите го објави почетниот состав, Мартинез не

Бразилскиот селектор Тите, не го крие составот со кој вечерва, во Казањ, ќе го започне четврт-финалниот дуел против Белгија. Со мали измени тоа е очекуваниот состав, бидејќи Тите не сака да отстапи од својата филозофија.

foto: epa

Марсело, по повредата на грбот, се враќа во стартниот состав, на клупата ќе се пресели Фелипе Луис, додека на местото на суспендиранот Каземиро ќе игра Фернандињо.

Тите не попушти ниту под притисокот на јавноста дека во шпицот треба да игра Роберто Фирмино, а не Габриел Жесус.

Селесеао со овие 11 фудбалери ќе го започне натпреварот против Белгија:

Алисон – Фагнер, Тиаго Силва, Миранда, Марсело – Фернандињо, Паулињо, Кутињо – Вилијан, Нејмар, Габриел Жесус.

За разлика од Тите, белгискиот селектор Роберто Мартинез, не открива со кои играчи ќе го започне натпреварот.

foto: epa

Веројатно ќе ја менува формацијата 3-4-3, бидејќи таква поставеност против Бразил може да делува погубно.

За очекување е дека играчите што го донесоа пресвртот против Јапонија (Шадли и Фелаини) да добија шанса во почетниот состав.

Доколку играа овие двајца, тогаш Де Брујне ќе биде поместен понапред во редот за врска.

Натпреварот на стадионот во Казањ започнува во 20 часот.

Scroll to Top