Top Sport

Тите го „трола“ Мбапе: Ние го немаме Азербејџан за да се одмориме

Селекторот на Бразил, Тите не му заборави на Килијан Мбапе за изјавата дека на јужноамериканските репрезентации им е далеку полесно да се квалификуваат за Светското првенство, откако последните четири светски шампиони дојдоа од Европа, од 2002 година, кога Бразил ја победи Германија.

Во мај, Мбапе посочи дека Бразил и Аргентина немаат голема конкуренција во Јужна Америка, бидејќи фудбалот не е толку развиен како во Европа, а на критиките кои ги упати напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, сега се надоврза и Тите.

„Можеби Мбапе зборува за тие мечеви од Лигата на нации или пријателските мечеви, но не за квалификациските мечеви. Со целосен респект, ние го немаме Азербејџан за противник. Немаме репрезентации против кои можеме да бидеме опуштени. Квалификациите во Јужна Америка се далеку потешки од тие во Европа“, вели Тите.

Во јужноамериканските квалификации за разлика од европските, има само една група со 10 репрезентации (Аргентина, Бразил, Боливија, Венецуела, Чиле, Уругвај, Парагвај, Перу, Еквадор и Колумбија) од кои четири директно одат на Мундијалот.

Scroll to Top