Top Sport

Тите и Бразил уште не размислуваат за Германија

Селекторот на Бразил, Тите инсистира дека никој не размислува за можна пресметка со Германија во осминафиналето и дека сите се фокусирани само на мечот со Србија.

Петкратните шампиони влегуваат во мечот во Москва како првопласирани на табелата во групата Е и потребен им е само поен да го обезбедат пласман понатаму. Во осминафиналето би ги чекал противник од групата Ф, со Мексико и Германија во моментов во двете места кои водат таму, и неизбежно беше прашањето за желбата за одмазда за понижувачките 7:1 во полуфиналето од 2014 година.

„Не можеме да размислуваме за тоа и никој не го прави тоа, тоа ви го гарантирам. Првенството е фокусирано на градење на силен тим за важните натпревари. Морам да ги најдам вистинските зборови, но секако очекувањата се големи. Прво мораме да ја минеме Србија, а тие имаат силни играчи – Коларов, Ивановиќ, Милинковиќ-Савиќ, Матиќ… Противникот, кој и да е, ќе дојде, ако заслужуваме да одиме понатаму“, вели Тите.

Бразил има тројца фудбалери со жолти картони (Нејмар, Кутињо, Касемиро) и ако некој од нив добие втор жолт, можат да отсуствуваат од осминафиналето, но Тите потврди дека ќе игра со истиот тим кој со 2:0 ја совлада Костарика.

Фото: ЕПА

Scroll to Top